Димитров :Не можеме да ја смениме географијата и историјата, но може да ја обликуваме иднината

„Со Грција инвестиравме во едно пријателство врз основа на заемно разбирање и почит. Не можеме да ја смениме географијата и историјата, но можеме да ја обликуваме нашата иднина“

Димитров :Не можеме да ја смениме географијата и историјата, но може да ја обликуваме иднината

 Министерот за надворешни работи на Македонија, во врска со постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција околу спорот за името истакна дека со Грција инвестирале во едно пријателство врз основа на заемно разбирање и почит.

„Со Грција инвестиравме во едно пријателство врз основа на заемно разбирање и почит. Вчера се случи еден историски ден. Не можеме да ја смениме географијата и историјата, но можеме да ја обликуваме нашата иднина“, нагласи Димитров во обраќањето на конференцијата на Комисиите за европски прашања на националните парламенти на земјите – членки на Европската унија и на земјите – кандидати која се одржа во главниот град на Бугарија, Софија, осврнувајќи се на договорот кој го реши долгогодишниот спор за името меѓу двете земји.

„Ова е регион кој географски не е на маргините на ЕУ, туку остров опкружен со земји-членки на ЕУ“, рече шефот на македонската дипломатија.

Тој истакна дека потребно е да се отвори патот на Македонија кон членство во ЕУ, и дека не се инсистира на тоа да се стане членка на ЕУ „утре“, туку се сака пристап до процесот за членство, којшто според него, е најдоброто средство за реформи.

(Анадолска Агенција )



Слични вести