Уапсен Барбарусис пратеникот на Златна зора

Екипи за антитероризам на грчката полиција го уапсија  Барбарусис во дом на еден негов пријател во населбата Пендали кај Атина.

Уапсен Барбарусис пратеникот на Златна зора

Како што јавуваат грчките медиуми, пратеникотна грчката ултрадесничарска партија „Златна Зора“ (Хриси Авги) , Константинос Барбарусис е приведен од страна на антитерористичките полициски сили.

Екипи за антитероризам на грчката полиција го уапсија  Барбарусис во дом на еден негов пријател во населбата Пендали кај Атина.

Барбарусис беше во бегство од петокот, по поднесувањето на обвинението за велепредавство од страна на обвинителството.

Барбарусис, говорејќи од парламентот, за време на дебата за изгласување недоверба на грчката влада, пред три дена, ја повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос, по што неговата партија беше отстранета од расправата.

И покрај тоа што членовите на пратеничката група на Златна зора, со аплауз го поздравија говорот на Барбарусис, веројатно за да избегнат дополнителни прекршувања на законите, кусо подоцна тој беше избришан од партијата.



Слични вести