Турски товарен брод почнал да тоне во Јадранското Море во близина на хрватскиот брег

Како што се истакнува од вкупно 13 членови на екипажот 8 биле евакуирани од бродот, немало повредени и не било забележано загадување на морето

Турски товарен брод почнал да тоне во Јадранското Море во близина на хрватскиот брег

Во Јадранското Море во близина на островот Јабука во Хрватска почна да тоне турски товарен брод.

Како што се истакнува од вкупно 13 членови на екипажот 8 биле евакуирани од бродот, немало повредени и не било забележано загадување на морето.

Во објавеното соопштение од министерството за поморство, транспорт и инфраструктура на Хрватска се вели дека во раните утрински часови кога продрела вода во потпалубата на турскиот товарен брод по име „Хакса“ бил информиран Центарот за пребарување и спасување во Ријека (MRCC) по што на местото на случајот пристигнале бродови за пребарување и спасување на Хрватска и Италија, како и реморкер на фирмата Бродоспас.

На бродот долг 85 метри се наоѓале 13 членови на екипажот, 11 Турци и двајца Индијци од кои 8 мина биле евакуирани со помош на еден италијански брод танкер, додека капетанот на бродот истакнал дека ќе остане на бродот со четворица членови на екипажот.

Евакуираните 8 мина членови на екипажот биле однесени во пристаништето во Сплит, а за останатите 5 лица кои останале на бродот се вели дека ќе се обидат да го спречат потонувањето на бродот додека да пристигнат другите екипи за спасување.



Слични вести