Ништо ново кај грчката страна на Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи рече дека нема било какви промени во ставот на јужната страна околу преговорите за икдниот статус на Кипар.

Ништо ново кај  грчката страна на Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи рече дека нема било какви промени во ставот на јужната страна околу преговорите за икдниот статус на Кипар.

Акинџи учестуваше на работна вечера приредена од страна на Елизабет Спеар шеф на мировната мисија на УН и специјален претставник за Кипар на Генералниот секретар на ОН.На вечерата беше поканет и Никос анастасијадис лидер на грќката страна на Кипар.

После работната вечера која траеше околу 2,5 часа претседателот Акинџи даде изјава за новинарите во која рече дека по последниот состанок во Кран Монтана,Швајцарија со лидерот на грчката страна Никос Анастасијадис се сретнал уште два пати. 

Тој додаде дека последните преговори во Кран Монтана,Швајцарија беа испуштена историска шанса и дека за жал моментално ништо не е изменето во ставот на грчката страна.

Од сега натаму може да стане збор само за пакет преговори со стратегиски приод.Дали е тоа можно, ќе видиме во иднина, додаде претседателот Акинџи.

 

 



Слични вести