Денешните пазари ја поткопуваат сувереноста на националните економии

Претседателот на Р Македонија, Ѓорге Иванов се обрати на 21. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од страна на фондацијата „Мармара“

Денешните пазари ја поткопуваат сувереноста на националните економии

Претседателот на Р Македонија, Ѓорге Иванов, при своето обраќање на 21. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од страна на фондацијата „Мармара“, истакна дека денешните пазари ја поткопуваат сувереноста на националните економии, јавува Anadolu Agency (AA).

Иванов, во обраќањето на темата „Дилема на нашиот век: технологија наспроти политика“, нагласи дека колку се потешки предизвиците за една цивилизација, толку покреативен треба да биде нејзиниот одговор.

„Според Тојнбиевиот закон за прогресивно поедноставување, прогресот на одредена цивилизација не се мери според просторот што ќе го освои, туку според нејзината способност да пренасочи сè повеќе енергии и внимание од материјалната кон нематеријалната страна на животот. Овој процес на етеризација може да се опише на следниот начин: што потешки се предзивиците за една цивилизација, толку покреативен треба да биде нејзиниот одговор“, истакна Иванов.

Тој додаде дека клучна улога имаат креативните малцинства кои изнаоѓаат иновативни решенија за предизвиците.

„Размислувајќи надвор од шаблоните, креативното малцинство ја менува креативната парагидма на малцинството, и создава услови за нов начин на живот. Некреативното мнозинство, од своја страна, ги прифаќа и имитира овие идеи“, рече Иванов.

Претседателот на Р Македонија истакна дека четвртата индустриска револуција е премин кон ерата на биотехнологијата, од господарењето со огнот кон инженеринг на животот, и дека со дигиталната трансформација на човековата цивилизација се бришат границите меѓу физичкото, дигиталното и биолошкото.

Истакнувајќи дека во денешните пазари ја поткопуваат сувереноста на националните економии, Иванов рече дека криптовалутите достигнаа рекорден трансфер на средства од 600 милијарди долари, и дека криптотрансферот ќе достигне еден трилион долари. 

Според Иванов, сето тоа може да се врши без посредство на банките.



Слични вести