На протестите во Атина повредено едно лице

За полесна продажба на недвижните имоти чии кредитни долгови не се исплатени, во Грција се спроведува незаконска регулатива

На протестите во Атина повредено едно лице

На протестите во Атина кои се одржуваат против продавањето на недвижнините по пат на лицитација, а кои беа конфискувани поради неисплатените кредитни долгови, беше повредено едно лице.

Групата која на повикот на Партијата народно единство се собра пред канцеларијата на нотаријатот, при обидот да влезат внатре, се соочија со пречката на полицијата.

Полицијата врз демонстрантите интервенираше со солзавец и во судирот беше повредена една жена која веднаш беше префрлена на хоспитализација во болница.

За полесна продажба на недвижните имоти чии кредитни долгови не се исплатени, во Грција наместо по нормалната судска процедура и постапка, се спроведува незаконска регулатива.

Левичарските групи кои се спротивставија на имплементацијата на незаконската регулатива често одржуваат протести пред канцеларијата на нотаријатот.



Слични вести