Грција со стапка од 50 насто неисплатени кредити се наоѓа на врвното место на еврозоната

Наместо по нормална судска процедура, овие кредитни долгови треба да се соберат побрзо по пат на конфискација, рече Даниел Нуи

Грција со стапка од 50 насто неисплатени кредити се наоѓа на врвното место на еврозоната

Грција со 50 насто стапка на неисплатени кредити се наоѓа на врвното место на еврозоната

Претседателот на надзорниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) Даниел Нуи во говорот што го одржа на состанокот на Економскиот форум во Делфи каде што имаше можност да се состане со претставниците на грчкиот политички и деловен свет се осврна на банкарскиот сектор во Европа и Грција.

Во последниот период банките во Грција која се обидува да излезе од финансиската криза покажуваат добар перформанс, рече Нуи потенцирајќи:

„За жал банките сеуште се соочуваат со значајни проблеми и прашања. Еден од нив е неисплатата на кредитите. Грција со 50 насто стапка на неисплатени кредити се наоѓа на врвното место на еврозоната“.

Ова прашање во Европа предизвикува и стагнантни резултати од аспект ан економскиот раст на Европа, а не само од аспект на банкарството.

Доколку износот на неисплатени кредити во еврозоната се намали дури на 760 милијарди евра и тоа е многу високо ниво. Затоа приоритетен проблем на надзорниот одбор на Европската централна банка е токму ова прашање, рече Нуи.

Во освртот на легализацијата на потребните законски регулативи во врска со проблемот на пропаднатите кредити, Нуи подвлече дека наместо по нормалната судска процедура, овие кредитни долгови треба да се соберат побрзо по пат на конфискација.

Иако зависноста на грчките банки од Европската централна банка се намали, тие сеуште имаат слаби страни за да можат самостојно да опстојат.

За целосно подобрување на состојбата треба време и голема одлучност. Како што се подобрува состојбата во другите европски земји, исто така се подобрува и состојбата во Грција.

Кредиторите на Грција согласно пакетот за спасување бараат неплатените долгови да се намират по пат на конфискација.



Слични вести