Наскоро ќе стартува изградбата на автопатот Сараево – Белград

Првата маршрута на  автопатот се планира да започне од Сараево преку Зница, Тузла, Брчко, Бјелина да пристигне до Белград

Наскоро ќе стартува изградбата на автопатот Сараево – Белград

Под покровителство на Турција, наскоро ќе стартува изградбата на автопатот Сараево – Белград преку две различни маршрути.

Во рамките на активностите за остварување на проектот, заменик генералниот директор на дирекцијата за автопатишта на Турција Мехмет Туташ и делегацијата во негова придружба отпатуваа во посета на Сараево.

Туташ и делегацијата одржаа средба со министерот за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина Исмир Јуско.

На средбата присуствуваше и амбасадорот на РТ во Сараево Халдун Коч кој рече дека првиот чекор на патот за остварување на проектот беше фрлен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Коч рече дека Турција проектот го третира како значаен чекор за зајакнување на развојот, перспективата и социјалното единство на регионот.

Првата маршрута на  автопатот се планира да започне од Сараево преку Зница, Тузла, Брчко, Бјелина да пристигне до Белград.

Додека втората маршрута на автопатот се планира да биде Сараево, Вишеград, Пожега, Белград.



Слични вести