САД го одби барањето за виза на Љубиша Диковиќ

Српската армија не може да го сфати ставот на американската амбасада против началникот Љубомир Диковиќ

САД го одби барањето за виза на Љубиша Диковиќ

САД го одби барањето за виза на српскиот началник на генералштабот генерал на армија Љубица Диковиќ

Барањето за виза на Диковиќ кој се обрати за учество на состанокот на началниците на генералштабовите под наслов „“Борбата против радикалните организации“ во САД, беше одбиено од страна на американската амбасада во Белград.

Во врска со причината за одбивањето на барањето за визата од страна на американската амбасада не беше објавено никакво соопштение, додека српскиот министер за одбрана Александар Вулин рече дека не може да сфати зошто беше одбиено барањето за виза на Диковиќ.

Вулин потенцираше дека Диковиќ е многу  храбар војник и чесен офицер со кој српската армија чувствува голема гордост. Нема ниту една причина поради која што би била одбиена визата на Диковиќ.

Министерот Вулин меѓудругото рече дека ниту српската армија не може да го сфати ставот на американската амбасада против Диковиќ потенцирајќи дека овој вид одлуки лошо се одразуваат врз воените односи меѓуи двете земји и немаат никаков придонес кон меѓусебната соработка.

Министерството за одбрана на Србија очекува официјално соопштение од САД во врска со причината за одбивањето на барањето за виза од страна на началникот Диковиќ кој претходно неколкупати имаше добиено виза за САД.

Началникот на генералштабот на Србија Диковиќ кој е познато дека учествуваше во војната во Косово во 1998-1999 година и од страна на некои невладини организации се обвинува за вршење воено злосторство, рече дека ниту еден српски командант кој учествуваше во војната не изврши воено злосторство и не издал наредба за такво нешто.



Слични вести