Балканска агенда 52-2017

Што бара Русија на Балканот?

Балканска агенда 52-2017

Русија во последно време е во потрага по изнаоѓање патишта за зголемување на своето влијание на Балканот. Особено по затегнувањето на односите со западните земји поради кризата во Украина и Сирија, Москва се обидува Балканот повторно да го вовлече во геополитичките планови. Иако владее мислењето дека Балканот никогаш нема да се претвори во воено складиште на Русија, одредени активности и фактори најавуваат дека секогаш ќе биде живо присуството на Москва во регионот.

Меѓу луѓето на Балканот постојат голем број кои сакаат да го почувствуваат присуството на Русија во регионот. Од друга страна пак и меѓу руските граѓани има голем број кои што активно и одблиску се интересираат за Балканот и веруваат во „Православното братство“. Меѓу нив се екстремните руски националисти, кои веруваат дека заедно со православните граѓани од Русија до Грција чија бројка изнесува некаде околу 400 милиони луѓе, во случај го оформат православното единство, тогаш ќе можат да претставуваат алтернативна сила на Запад. Дел од руското општество на проблемите на Балканот сметаат како на внатрешни проблеми на земјите во регионот.

Русија е значаен актер на Балканот од аспект на енергијата. Имено напнатоста меѓу Русија и Украина во последните години негативно се одразува врз голем број балкански земји особено од аспект на природниот гас. Освен Албанија, сите балкански земји имаат гасна мрежа со Русија. Рускиот природен гас во балканските земји пристигнува преку два гасоводи. Првиот се протега од Русија преку Унгарија, од тука преку поранешните југословенски земји. Вториот гасовод пак се протега од Русија, преку Украина, Молдавија, Романија и Бугарија. Гасоводот од Бугарија се протега во Турција, Македонија и Грција.

Вкупната потрошувачка на природен гас на Западнобалканските земји во 2014 година изнесуваше 169 милијарди метри кубни. Над 50 насто од оваа потрошувачка се снабдуваше од надвор по пат на увоз. Поголемата количина од природниот гас се снабдуваше од Русија. Бугарија 60 насто од фосилните енергетски извори ги обезбедува од Русија. Во период кога Русија испораката на природниот гас ја употребува како еден вид оружје, тогаш некои балкански земји во зимските месеци можат да влезат без доволни количини на природен гас.

Русија вложува напори да го зголеми своето влијание на Балканот како резултат на геополитичките фактори. Во периодот по Студената војна, Русија од позиција на супер сила за жал падна на ниво на земја која не можеше доволно да го прочуе својот глас. Денес една од најзначајните цели на надворешната политика на рускиот претседател Владимир Путин е подобрување на позицијата на Русија на сила во меѓународниот систем. Меѓудругото Русија бара меѓународен систем во кој нема да преовладува управата само на една супер сила, туку ќе се чувствува тежината на повеќе земји. Затоа Москва во врска со ова прашање сака Балканот да го искористи како средство за остварување на своите цели.

Русија уште од самиот почеток, преку постојаното членство во СБ на ОН, Контакт групата и низа регионални иницијативи и билатералните односи може да влијае врз Балканот. Фактот дека балканските земји секој изминат дена фрлаат силни чекори за пристапување во НАТО Алијансата и ЕУ ги оддалечуваа креаторите на Руската надворешна политика. Покрај тоа што руските власти повремено објавуваа изјави дека „На Балканот не може да се постигне стабилност без присуството на Русија“, не треба да се заборави и фактот дека до пред одреден период Москва се фокусираше на заштита на своите економски интереси на Балканот.

Како последица на кризата со Украина и нарушувањето на односите меѓу Москва и Запад, Русија почна да се враќа на Балканот и да го зголемува своето присуство и влијание. Економската стагнација, вмешаноста на елитата во корупција и присуството на општеството, одиграа дополнителна улога во зголемувањето на влијанието на Русија во регионот. Постигнатото ниво покажува дека основната цел на Москва на Балканот е намалување на влијанието на Запад на овие простори. Во тие рамки особено држењето настрана на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од процесот на пристапувањето во НАТО, има посебно значење за Москва. Русија со изворите со кои што ги поседува се обидува да го забави процесот на интеграција на овие земји со ЕУ.

Во балканската политика на Русија може да се види дека Русите преку Србите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина вложуваат значајни инвестиции. Србија како во примерот со Косово особено во решавањето на проблемите на надворешната политика од Русија очекува целосна поддршка. За возврат на тоа Србија води беспристрасна политика во врска со кризата во Украина. Србија не учествува во спроведувањето на економското ембарго на САД и ЕУ што го спроведува врз Русија поради кризата со Украина. Како што беше пример со поранешниот претседател на Србија Томислав Николиќ, така и денес некои високи српски државни раководители отворено се изјаснуваат дека се на страната на Русија.

Во позадината на студените односи на српските власти со НАТО лежи рускиот фактор. Русија која отворено се противи на пристапувањето на Србија во НАТО, навидум не е против просецот на интеграција со ЕУ. Причината за тоа е верувањето дека пристапувањето на Србија во ЕУ ќе личи на Тројански коњ, односно дека Србија ќе биде Тројанскиот коњ на Русија. Но исто така неизвесно е дали Србија во случај да биде полноправна членка во ЕУ ќе ја прифати улогата да биде Тројански коњ на Русија. Затоа надворешната политика на Србија во иднина недвосмислено директно ќе влијае врз случувањата во Црна Гора и Босна и Херцеговина.



Слични вести