Помош од Турција на Босна и Херцеговина

Благодарение на системот за рано предупредување ќе се спасат животите на стотици граѓани

Помош од Турција на Босна и Херцеговина

Турција на Босна и Херцеговина и пружи поддршка од 100 илјади долари за системот за катастрофи и итна хуманитарна помош.

Благодарение на системот за рано предупредување кој што се финансира од страна на Турција, во Босна и Херцеговина која земја често е изложена на катастрофи и природни несреќи, ќе се спасат животите на стотици граѓани.

Босна и Херцеговина како последица на географската структура и климатските услови често е изложена на природни непогоди.

Ограничените финансиски средства ја отежнуваат борбата против природните непогоди на земјата.

Со проектот кој се финансира од страна на Турција, Босна и Херцеговина во иднина ќе биде спремна на природните непогоди.

Програмата за развој на ОН усоврши еден нов софтвер кој обезбедува рано предупредување за евентуалните природни непогоди.

Турција за остварување на овој проект од 130 илјади кој се планира да се имплементира во Босна и Херцеговина обезбеди 100 илјади долари.

Во првата фаза проектот ќе се спроведе во градовите Тузла и Добој.

Претстојните месеци благодарение на проектот ќе се нацрта карта на ризични подрачја на Босна и Херцеговина.



Слични вести