Балканска агенда 21-2017

Западнобалканската дилема во Брисел

Балканска агенда 21-2017

Балканот претежно во историјата се третираше како „околината на Европа“ или „границата на Европа“. Затоа кон пристапувањето на земјите од регионот кон редовите на ЕУ подолг временски период владееше доста голема претпазливост. Во период кога почна да преовладува верувањето и надежта кај балканските народи кон искреноста на европските лидери дека вратата за пристапувањето на западнобалканските земји во ЕУ ќе остане отворена, не само политиката на проширување на ЕУ туку и иднината на унијата навлезе во фаза на неизвесност. Паралелно со тоа, стабилноста на Западен Балкан повторно почна да се стекнува со поголема кревкост и скршливост.

Во текот на 1990-те години, балканските лидери кои имаа за цел да го остварат полноправното членство во ЕУ и кои беа ги прифатиле западните вредности и придобивки, за жал не беа доволно поддржани од страна на Брисел. Затоа, националистички и неокомунистички настроените лидери останаа подолг временски период на власта во балканските земји. Во текот на процесот на распаѓањето на Титова Југославија, во голема мера дојде до поткопување на имиџот на ЕУ. Причината за тоа беа посебните интереси на земјите членки како и неследењето продуктивна надворешна политика во врска со кризата во Југославија. Покрај наведеното, ЕУ на почетокот на 1990-те години како последица на случувањата во Југославија не чувствуваше опасност од истите за да преземе евентуална воена операција, поради што војната во Босна и Херцеговина траеше толку долго.

Земјите членки на ЕУ кон втората половина на 1990-те години почнаа да гаат покомпатибилен и конзистентен став кон Балканот. Паралелно со тоа, постепено почна да расте политичкото, воено и економско влијание на ЕУ врз Балканот. Кон крајот на 1990-те години, ЕУ прифати став на регионален приод кон Балканот поради што започна да спроведува политики за интегрирање на Балканот преку регионална соработка. Во тие рамки во 1999-та година беа фрлени темелите на Процесот за стабилизација и асоцијација и се отвори официјалниот пат за пренесување на стандардите на ЕУ на Западен Балкан.

Ставот на ЕУ уште на почетокот беше различен кон Бугарија и Романија. Овие две земји беа дел на политиката на Унијата за проширување кон Источна Европа, со цел да се укине идеолошката поделба меѓу Западна и Источна Европа. Впрочем во јануари 2007 година кога Бугарија и Романија беа примени во ЕУ, остатоците од Студената војна и конкуренцијата меѓу двете идеологии беа завршени. Но геополитичката трка која ја продолжи Запад со Русија, налагаше неминовна потреба и од приемот на Бугарија и Романија во редовите на НАТО и ЕУ.

Но сличниот приод на ЕУ не важеше за Западнобалканските земји. Официјален Брисел пораката дека „иднината на Западен Балкан е во границите на ЕУ“ почна да ја упатува дури по 2000-та година. На Самитот во Солун во јуни 2003 година, почна конкретно да се обликува рамката на пристапувањето на западнобалканските земји во ЕУ. Во текот на овој процес, единствено Хрватска која со векови беше изложена на влијанието на католичка Европа, дури во јули 2013 година беше примена во ЕУ. Процесот на пристапувањето на останатите регионални земји во ЕУ постојано беше неизвесен и напредуваше мошне тешко. Исто така познато е дека и некои лидери во ЕУ кои по кризата во 2005 година, покрај сите тешкотии продолжија со изнесување на потребата за продолжување на односите на ЕУ со Западнобалканските земји во некои други сфери.

Во последно време се забележува дека процесот на проширување на ЕУ станува се понеизвесен. Причината за тоа пак е излегувањето на Британија од ЕУ, бегалската криза, безбедносните закани, економските проблеми и прашања како и подемот на екстремната десница, поради што Брисел процесот на проширувањето на унијата го извади од приоритетните точки на дневниот ред. Покрај поддршката на критичните земји членки на ЕУ како што се Германија и Франција на процесот на пристапувањето на Западните Балкански земји во унијата, актуелните случувања во Унијата го отежнуваат фокусирањето на наведените земји кон овој процес.

Постепеното намалување на интензитетот на процесот на проширувањето на Унијата отвори простор за манипулација и зајакнување на влијанието на другите актери во регионот особено Русија. Како последица на верувањето дека некои геополитички пресметки во регионот останаа во минатото, истите повторно оживеаја. Западнобалканските земји повторно се соочија со влијанието на внатрешно политичките превирања кои неповолно се одразија врз пореметувањето на стабилноста, квалитетот на демократијата и неефикасноста на државните установи.

Сите овие случувања предизвикуваат големи дилеми кај раководителите во Брисел. Од една страна, нискиот животен стандард, високата стапка на невработеност, внатрешно политичките превирања, проблемите и прашањата во билатералните односи, порастот на идеолошката екстремност и поделеност како и стапката на организиран криминал со кои се борат Западнобалканските земји, задоцнувањето на процесот на приемот од страна на ЕУ, може да предизвика регионот да се пренасочи кон неизвесна иднина и различни геополитички потраги. Од друга страна пак, ЕУ во претстојните години многу посериозно треба да ги обликува внатрешните односи и заедничките установи, бидејќи во спротивно може да се доведе во прашање дури самата иднина на Унијата. Моментално ЕУ врските со Западен Балкан се обидува да ги држи во рамките на Берлинскиот процес. Во случај овој процес ја изгуби потребната динамика, тогаш Брисел освен тоа што ќе ја изгуби моќта на влијание врз Западен Балкан, исто така ќе дојде до штета на меѓусебната солидарност меѓу регионалните земји.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести