Од опозицијата во Македонија ништо ново

По се изгледа притисната од меѓународната заедница, опозиционата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицковски, на крајот решија да се вратат на седниците на Парламентот.

Од опозицијата во Македонија ништо ново

Најголемата опозициона партија во Република Македонија, партијата ВМРО-ДПМНЕ еве цели три месеци го бојкотира македонскиот парламент и наводно не учествуват на седниците на Парламентот. Но од друга страна пратениците на ВМРО-ДПМНЕ учествуваа активно во работата на голем број собраниски комисии, па од тука со право се поставува прашањето да ли беше ова вистински бојкот на македонсиот парламент, или пратениците на опозицијата само глумеа бојкот.

 По се изгледа притисната од меѓународната заедница, опозиционата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицковски, на крајот решија да се вратат на седниците на Парламентот. Но лидерот на опозицијата за да го направи ова „по подносливо„  пред извесно време изјави: „Ако ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието, ќе се врати на голема врата, а првата работа што ќе ја направи е поднесување интерпелација за работењето на Владата, каде што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги образложат сите оние злоупотреби и грешки што ова владејачко мнозинство во изминатите десет месеци и ги нанесе на нашата татковина, а ќе можеме да видиме како владејачкото мнозинство ќе одговори на тие прозивки„. . Веднаш после тоа следуваше соопштение на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ дека одлучил пратениците да се вратат во Собранието, со прва задача дека ќе поднеле интерпелација за работата на Владата, веднаш по враќањето. Иако веста е објавена на 1. Април се покажа дека не  прво априлска шега! Тие тоа и го сторија.

Опозицијата се враќа во Собранието „на голема врата„, но уште не влезени имаат подготвено интерпелација за според нив неспособната влада на СДСМ која откако ќе влезат на „големата врата„ одма ќе ја поднесат! А тоа ништо не значи друго, освен дека припадниците на  опозицијата  која влегува низ голема врата во Собранието се грешници, луѓе без добри намери кои ќе прават само проблеми во Собранието. Влегувањето на опозицијата на „голема врата„ во превод значи дека ќе прави големи проблеми, што се покажува од нејзиното досегашно однесување!

За второто прашање, зошто ќе поднесат интерпелација на Владата кога знаат дека немаат парламентарно мнозинство, лидерот на ДПМНЕ опозицијата Христијан Мицкоски, во негов стил, одговори кога тие ќе ги образложат сите злоупотреби, криминали, корупција, контрола на судството, грешки, економското цунами и политичкиот тероризам што го прави оваа Влада во изминатите десет месеци, можеби ќе се најде мнозинство за изгласување недоверба на владата во Собранието. Не верувам дека и самиот Мицкоски верува во ова што го кажува, самиот себе се лаже и што е полошо тој самиот верува во своите лаги! Интерпелацијата на владата беше повеќе некакво оправдување дека пситиснати од меѓународаната заедница ВМРО-ДПМНЕ беше  приморан да се врати во парламентот. А како заврши интерпелацијата видовме сите.

      Лидерот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски со своите неспретни изјави самиот се портретира како човек и воедно ја зацрта политиката на партијата што ја води. На прашањето кој носи одговорност за државниот удар и бруталноста во Собранието на 27 април минатата година, тој одговори дека тогаш постоела некоја вооружена група Албанци од скопски Чаир која ја загрозувала безбедноста на земјата за кое знаел тогашниот Министер за Внатрешни Работи Нухиу кој имал златна команда но не преземал никаква мерка и за тоа некој требало да одговара.

Новиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став и за прашањето околу развската со името на Македонија, односно спорот за името со јужниот сосед. Тој на место јасно и концизно да одговори на ова прашање, се обидува да ескивира со нејасни флоскули и неумесни критики затоа како владеачката гарнитура го менаџира овој спор. Истиот тврди дека  нема впечаток дека  се движиме кон решение. Но новиот лидер на опозицијата не се воздржува а да не даде и рецепт како да се реши овој проблем: „ Победува оној кој е мотивиран за интересите на државата и паметен„. Новопечениот опозиционен лидер не сака да прифати дека неговата партија има антиалбанска реоторика. како и критиките на оваа партија во врска со постигнатиот договор за соработка со Република Бугарија. „ Не можете да водите политика на добрососедство со свиткана кичма… суштината на власта е да го задржи столчето“… вели тој. Опозицијата Владата на Заев ја критикува за создавање на економско цунами и политичка депресија во земјата. Амнестирајки ја својата партија за пустошот што и го нанесе на земјата за време на 11 годишното владеење.Од сето погоре изнесеното, навистина е тешко да се сфати што сака да каже лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ?

Што може да се очекува од пратеници на ДПМНЕ кои отворале врата во Собранието на 27 април, од пратеници кои мирно го гледаа крвавиот пир изведен врз пратениците на дотогашната опозиција. Крвав пир на кој и овој саморечен  лидер на опозицијата  учествувал заедно со тепачите полни со патолошка омраза кон сите тие што не мислат како нив. Од таков  „лидер„ не може да се очекува ништо добро. Малите луѓе преку „големата врата„ гледаат големина на својата маленкост за која се свесни или потсвесно тоа го чувствуваат! Неспособните луѓе ги критикуваат другите, во случајот Владата, преку што добиваат сатисфакција дека тие се подобри од тие што ги критикуваат! Луѓе полни со омраза навоѓаат лична сатисфакција и смиреност кога својот отров го истураат во околината, во случајот против нивниот политички ривал, Социјалдемократскиот Сојуз и нивната влада. За жал тоа е политичко милје во Република Македонија.

(Авторот Ремзи Џанова е новинар во Македонија)



Слични вести