Турската победа во Африн 2/2018

После успешно изведената воена операција на турските вооружени сили Маслиново гранче во Африн ,започна враќањето на цивилите во градот и селата во неговата околина.

Турската победа во Африн 2/2018

После успешно изведената воена операција на турските вооружени сили Маслиново гранче во Африн ,започна враќањето на цивилите во градот и селата во неговата околина.Во последните денови се повеќе се гледаат колони на бегалци како се враќаат од Турција од приврфемените сместувалишта во кампови. Светската јавност долго време како што дискутира за положбата на беглаците, а деновиве тие дискусии стануваат уште по актуелни особено по враќањето на бегалците.

За темава имаме коментар на Џан Аџун писател истражувач од СЕТА –Институт за политички,економски, и општествени истражувања.

Деновиве гледаме како бегалците од Сирија кои во текот на воениот конфликт ги напуштаа своите домови и  се сместуваа во камповите за бегалци кои се поставуваа во Турција, после успешно изведените воени операции на турските вооружени сили Штитот на Еуфрат и Маслиново гранче почнуваат да се враќаат во своите домови, во населениете места кои ги ослободија турските сили од терористите со заедничко дејствување на силите на Слободната сириска војска.

Турција во Сирија од една страна се бори против терористите а од друга гради безбедни пристаништа за цивилното население. Деновиве јавноста беше известена дека во своите домови во ослободените места се вратиле околу 200 000 бегалци од Сирија, но исто така се дознава дека враќања на бегалците има и во околината на Алепо во населбите и селата кои беа ослободени со операцијата Штитот на Еуфрат. Факт е дека Турција со остварувањето на воените интервенции против терористите во северот на Сирија поточно долж границата со Сирија влева надеж за побезбеден живот кај тамошното населние. Познато е дека цивилното население кое ги напушти своите огништа кога се изведуваа воените операции на САД со поддршка на терористите на ПКК/ ЈПГ во Табка, Рака и Дејр ез Зор, деновиве после реализацијата на воената операција на турските вооружени сили Штитот на Еуфрат се враќаат во своите домови.

За жал во своите домови не се враќаат цивилите во населените места кои беа исчистени од страна на американските сили и силите на ПКК/ЈПГ, иако се работи за подрачја кои површински се многу поголеми од подрачјата кои ги ослободија турските сили и силите на слободната сириска војска во рамките на операцијата Маслиново гранче и Штитот на Еуфрат. Истото се однесува и на градовите Хумус, Забадани, Дараја и Алепо кои беа преземени од страна на силите на режимот и на Русија , а кои беа реализирани со масовни уништувања и страдања на цивилното население.

Подрачјето ослободено од терористите во кое вратија цивилите од странство е единствено подрачје ослобедено преку операцијата Штитот на Еуфрат и операцијата Маслиново гранче. Сега и Африн ќе биде исто така подрачје каде ќе се враќаат бегалците кои заминаа во странски држави. Познато  е на пример дека околу 100 000 цивили беа протерани од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК и тоа од Тел рифат и околината. Жителите на Тел Рифат кои изразија желба да се вратат во своите домови барањето го истакнуваат преку демонстрации, а подвлекуваат дека бараат ослободители да бидат турската војска и војската на слободната сириска армија. Како одговор на овие барања Турција ги презема потребите чекори за нивно враќање.

Во Германија зачестено се водат дебати за бегалците, а во нив предничат десно ориентираните партии кои јавно истакнуваат дека не ги сакаат бегалците од Сирија во нивната држава. Германските власти дури и контактираа со режимот на Асад заради враќање на бегалците од Германија во подрачјата под контрола на силите на режимот. Сепак се покажа дека тоа не е толку добро решение бидејќи во овие населени места опасноста по животот на  цивилите е сеуште присутна.

Ова резервираност не се однесува на подрачјата кои ги ослободија турските вооружени сили каде што безбедноста на цивилите е на преден план.

Нешто слично се доживува и во северот на Ирак поточно во областа околу планината Синџар каде се забележува присуството на ПКК.По нападот на ДЕАШ на Синџар Језуитското население беше приморано да ги напушти своите домови, но и покрај тоа што Синџар е веќе ослободен од ДЕАШ само 20 посто од ова население се врати во своите домови, тоа се должи на нивниот страв од ПКК. Доколку турската армија реализира воена операција на Синџар ќе дојде до масовно враќање на Језуитското население во домовите во овој дел на северот на Ирак.



Слични вести