Актуелно 07/2018

Турско-американските односи под сенката на ПКК

Актуелно 07/2018

Актуелно

Турско-американските односи под сенката на ПКК

Додека операцијата Маслиново гранче реализирана од страна на Турција и сириската опозиција со цел чистење на Африн од терористичката организација ЈПГ трае веќе скоро полн месец, релацијата на линија Турција-САД е напната и тоа поради поддршката која САД ја пружа на тероризмот. Додека Tурција под закана гледа како на територијалниот интегеритет на Сирија така и на сопствената безбедност , САД делуваат решително во продолжувањето на валканата соработка со терористичката организација ПКК. Иако поради подрршката на теророт напнатоста помеѓу двете сојузнички држави во НАТО во последно време е во пораст, всушност постојат сериозни проблеми од минатото.

Тоа се различни позиции во текот на Арапската пролет, потоа поддршката на Америка на воениот удар во Египет и пред се односите на релацијата Анкара-Вашингтон осетно се влошија после неуспешниот обид за воен удар на ФЕТО на 15 јули 2016 година во Турција.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на темата односите со САД рече: Односите се на критичната точка, или ќе ги поправиме или сосема ќе се расипат.“ Независно од тоа колку американската страна настојува да нема разбирање за сериозноста на Турција, министерот за надворешни работи Чавушоглу,повикувајќи се на изјавата на својот американки колега Рекс Тилерсон кој рече „ Ја разбираме загриженоста на Турција“ одговори „ Сакаме да видиме дека зборовите се преточуваат во дела“ .Со тоа Турција покажа дека ја има загубено довербата во САД и дека бара САД да ги одржи ветувањата.

Доколу САД не ги одржи дадените ветувања се претпоставува дека Турција ќе донесе радикални одлуки. Па дури и Америка да преземе одредени чекори напред во тој правец ,постојната недоверба ќе потрае уште извесен период.

Бекир Боздаг потпретседател на турската влада и владин портпарол истакна дека, ќе се расипат сите планови на сите оние кои сметаат на тоа да се воспостави коридор на тероризмот долж јужната граница на Турција и на тоа да се  формира терористичка држава долж истата граница. Боздаг рече: Америка треба да престане да ја замајува Турција во однос на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ, треба да знае дека не може со менување на нивните имиња да ги сокрие нивните терористички намери. И дека никого не може да излаже. Треба да го прифати фактот дека ПЈД и ЈПГ се терористички организации , треба да ја укине помошта наменета за нив,како и обуката и оружаното снабдување на истите.

Сето ова резултира со посета на шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон на Анкара. Тилерсон беше примен од страна на својот домаќин министерот Чавушоглу, и од претседателот Ердоган.На состаноците и во разговорите беше потврдено стратегиското партнерство меѓу двете земји, а Турција и во оваа прилика ја изрази својата загриженост. Донесена е одлука на северот на Сирија пред се во Мунбич да се воспостави еден механизам. Во текот на разговорите Турција сосемо отворено истакна дека  ќе продолжи со истиот став и дека нејзината цел се терористичките организации ПКК/ЈПГ. Секако дека проблемите помеѓу САД и Турција не се само поради терористичката организација ПКК и ПЈД.

САД кои се трудат со сите сили Турција да не ја видат како клучен актер во регионот, се сконцентираа на личноста на претседателот Ердоган, дискурсот околу исламизацијата и друго.

Перцепцијата поддржана со внатрешните предавници во Турција напумпана преку медијумите ги фрла во сенка турските државни интереси и ги нарушува темелите за расправа.

Додека продолжува да се дискитира за човековите права во Турција на Блискиот исток под водство на САД, во Обединетите арапски емирати ,во Саудиска Арабија и во Египет не се бара почитување на принципите на човековите права. Причината за тоа што САД се однесуваат на тој начин е во тоа што Турција води слободна и независна надворешна политика.

Соопштението на Вашингтон во текот на обидот за воен удар на 15 јули 2016 година во Турција „ разгледуваме дали се работи за воен удар или не“ како и тоа што после неуспешниот обид за воен удар наместо да биде покрај Турција повеќе се грижеше за состојбата на пучистите резултира со затегнување на односите . И покрај тоа што Турција достави десетина досиеа,сеуште не е започнет процесот за испорачување на лидерот на терористичката организација ФЕТО, што претставува битен показател за тоа дека САД не е вознемирен поради обидот за воен удар.

Турција се залага за тоа владите на Бликскиот исток да се бираат по демократски пат а америка сака влади кои ќе се однесуваат според нејзините интереси. Тука лежи основната причина во разијдувањето на ставовите меѓу Турција и САД кога се работи и во однос на блискоисточното прашање.



Слични вести