Забелешка за соопштенијата на државите во врска со поврзаноста меѓу ПКК/КЏК И ПЈД/ЈПГ

Во соопштенијата и извештаите на голем број земји отворено се истакнува органската поврзаност меѓу терористичките организации ПЈД/ЈПГ и ПКК/КЏК во Сирија.

Забелешка за соопштенијата на државите во врска со поврзаноста меѓу ПКК/КЏК И ПЈД/ЈПГ

Во соопштенијата и извештаите на голем број земји отворено се истакнува органската поврзаност меѓу терористичките организации ПЈД/ЈПГ и ПКК/КЏК во Сирија.Познато е дека терористичката организација ПЈД/ЈПГ е оружано крило на терористичката организација ПКК/КЏК во Сирија.

Подолу во текстот се наведени сите тие соопштенија и изјави на одредени земји за органската поврзаност  меѓу терористичките организации ПЈД/ЈПГ и ПКК/КЏК.

  1. На официјалната интернет страница на ЦИА јасно е прецизирано дека терористичката организација ПЈД/ЈПГ која САД оружано и логистички ја поддржуваат во борбата против една друга терористичка организација, во случајот ДЕАШ е продолжено крило на терористичката организација ПКК во Сирија. За ПЈД/ЈПГ во истото соопштение се користи изразот „ терористичка организација со странско потекло“.Освен тоа на истата интернет страница за поранешниот лидер на  ПЈД  Салих Муслим се вели дека е претставник на ПКК/КЏК во Сирија.  Освен тоа на официјалната интернет страница на центарот НСТС американски национален центар за антитероризам инаку воспоставен по 11 септемвриските антитерористички напади за ПЈД/ЈПГ се вели дека е продолжено крило на терористичката организација ПКК/КЏК. Истото соопштение нешто потоа е тргнато од интернет страницата. Министерот за национална одбрана на САД во времето на претседателот Обама  Ештон Картер на седница на Сенатот на која се поведе дискусија за ДЕАШ самиот рече дека постои поврзаност меѓу терористичките организации ЈПГ и ПКК.
  2. Паралелно со тоа на брифингот на 26 јануари 2018 година портпаролот на американскиот државен секретаријат за надворешни работи Хедер Ноерт во изјава за регионалните активности на Турција и за вопената операција на Турските вооружени сили во Африн наместо ЈПГ ја употреби кратенката ПКК.Во продолжение таа не се корегираше и рече: Турција во северозападот на Сирија вниманието од ДЕАШ го сврти кон ПКК .Бараме стабилност таму.“3. Военото крило на ПКК во Сирија ПЈД кое американската администрација сосема отворено го поддржува па дури и гледа на него како на сојузник на седница на НАТО во 2013 година беше прифатена како терористичка организација, а САД го одобрија тоа. Како што се дознава од извори на НАТО во јуни 2013 година со учество на земји како што се САД и другите членки на алијансата во штабот во Брисел е подготвен документ за Стратегиско разузнавање. Во документот за ПЈД/ЈПГ и КЏК стои запишано дека се терористички организации. Овој документ е усвоен од страна на САД. Во еден друг документ со големо значење МС-160 За ПЈД и ПКК исто така се употребува изразот терористичка организација. 4. Во врска со основањето на Демократските сили на Сирија американскиот генерал Рејмон д Томас на еден мошне важен годишен безбедносен состанок одржан во Колорадо а во организација на Институтот Аспен, кажал многу важни работи за терористичката организација ПЈД. Тој дури рекол дека поради загриженоста на Турција го промениле името на оваа организација од ЈПГ во Демократски сили на Сирија. Томас во продолжение вели дека промената на името макар и малку го подобрило кредибилитетот на ЈПГ.
  3. Томас во продолжение зборува за тоа дека ЈПГ треба да работи на својот бренд, дека во случај да останат приврзани кон терористичката организација ПКК можно е да се соочат со проблеми во нивните односи . 5 2 . Во извештајот од 79 страници на Комисијата за надворешни работи на Британија со датум од март 2016 година а под наслов „ Притисок или подобрување? Време за одлука за Турција- Пратениците ја поддржуваат улогата Позитивен Британец “се вели дека Турција има легитимно право на  одбрана пред теророт на ПКК. Во извештајот исто така се посочува дека терористичката организација ПКК е ставена во списокот на терористички организации на Обединетото Кралство, во исто време се изразува загриженост за поврзаноста на ЈПГ и нејзиното политичко крило ПЈД со ПКК. Овие вести и информации ги сметаме за сериозни така да се обидуваме да поставиме дистанца меѓу  терористичките активности на ЈПГ и ПЈД ПКК. 6 .Освен тоа британскиот амбасадор Ричард Мур даде важни изјави за борбата против тероризмот и Сирија. Подвлекувајќи дека Британија е најголемиот пријател на Турција во борбата против тероризмот на ПКК Мур вели : Нашиот став тука е сосема јасен. ПКК е терористичка организација,ПЈД има врски со ПКК. Ако одите во биро на ПЈД таму ќе ги видите портретите на Абдула Оџалан.
  4. Британскиот министер задолжен за Блискиот исток Алистер Берт за поврзаноста меѓу терористичките организации ПКК со ПЈД/ЈПГ вели : Секако дека сме свесни за нивната поврзаност. Кога разговараме со ПЈД и ЈПГ им велиме дека треба да ја прекинат соработката со ПКК, но во пракса очигледно дека не ги прекинуваат односите. Освен тоа Берт го вели и следното : Ние немаме врски со ПКК но загрижени сме за нивните можни контакти,така што секогаш  настојуваме и ја повикуваме ПЈД да ги прекине контактите со ПКК. 8. Од друга страна лицето СО кое живее во Британија од страна на британски суд беше осудено со 21 месец затворска казна заради најава дека ќе се вклучи во редовите на ПКК. Истото лице во видео пораката до своето семејство вели дека ќе се вклучи во редовите на ПКК во Кобани за да се бори против ДЕАШ. 9.3. Во вестите објавени во Германија на 4 февруари 2018 година се истакнува дека Катја Кипинг копретседател на Левата партија во говор во Собранието на Германија вели дека ја осудува воената интервенција на турските вооружени сили на Африн во Сирија.Таа реагира на тоа што германската влада не ја осудува оваа воена интервенција на турските вооружени сили. На тоа Петр Бистрон пратеник од Партијата алтернатива за Германија како одговор на пратениците од левата партија кои беа во жалост поради убиените терористи во Африн вели: Турција се бори против ЈПГ продолжена рака на ПКК која Германија ја има ставено на списокот на терористички организации. А вие овдека жалите за убивањето на вашите пријатели од ПКК марксисти. Собирате пари на илегален начин и ги праќате на ПКК. 10.4.  На 23 јануари 2018 година во Холандија, министерот за надворешни работи на оваа земја Халбе Зијлстра во врска со воената операција на турските вооружени сили Маслиново гранче во Африн вели дека Турција стана цел на отворени напади, но постојат јасни знаци кои укажуваат на тоа дека таа има право на самоодбрана. ЈПГ не е невина,Холандија никогаш не ја поддржа ЈПГ. Постојат силни врски меѓу ЈПГ и ПКК. ПКК е терористичка организација како за Холандија така и за Европа.
  5. 11.5. Шпанија . Aко се фрли поглед на  судските пресуди во однос на врската меѓу ПКК/КЏК и ПЈД/ЈПГ во Шпанија ситуацијата е следната: во извештај на Министерството за надворешни работи на Шпанија со датум од 27 јануари 2016 година се наведува дека 9 лица од кои 8 со шпанско и 1 со турско државјанство биле уапсени поради утврдени контакти со терористичката организација ПКК. Шпанските власти утврдиле дека уапсените преку разни канали обезбедувале членови од разни земји во Европа за терористичката организација ПКК/КЏК и ЈПГ/ПЈД. Во решението на Специјалниот шпански суд со датум од  23 јануари 2018 година се истакнува дека двајцата од уапсените биле на обука во Сирија за борба против ДЕАШ, дека исто така се приклучиле на терористичката организација ЈПГ инаку воено крило на терористичката организација ПКК во Сирија и дека активно биле вклучени во сите битки и оружани судири на терористичката организација. Одлуката на шпанскиот суд е уште една потврда за врската меѓу терористичката организација ПЈД/ЈПГ со терористичката организација ПКК/КЏК.

 



Слични вести