На15 октомври во Македонија повторно избори

Ретко како сега на овие избори за избор ќе има две опции од кои за едната треба да се определи секој граѓанин со право на глас. На една страна, има таканаречена „патриотска“, на другата страна „проевропска“ опција.

На15 октомври во  Македонија повторно избори

На15 октомври во  Македонија повторно избори, повторно на гласање.  Ретко како сега на овие избори за избор ќе има две опции од кои за едната треба да се определи секој граѓанин со право на глас. На една страна,  има таканаречена „патриотска“, на другата страна „проевропска“ опција. На „патриотите“ Македонија, веројатно, им е сè, и тука нема ништо лошо во тоа, оваа земја не е „штур“ и празен идеологем односно Македонија каква што ја гледаат груевци. Бидејќи овие луѓе се максимално безначајни во политичкото поле, нивната проекција за Македонија е крајно партикуларна и сиромашна до таа мера, така што нивната „оператива“ се сведува на партиското членство и клиентела. Сè друго е медиумска манипулација. Споменатите погоре исто така се амбициозни и славољубиви.

     Амбицијата имено не е ништо лошо под услов да се базира на компетенција, а политичката компетенција не е ништо друго, туку надминување на себичните интереси и способност за согледување на „општото.

     Видовме дека суштината на квазипатриотскиот блок во изминативе години е нереална, не оперира со факти, туку настојува „фактите“ да ги приспособи на сопствените проекции. Оттука анимозитетот спрема Европа во целост. Суверенитетот на кој Груевски инсистира не е суверенитет на нацијата, туку негов личен суверенитет. А со тоа и недопирливост. Европската Унија така е устроена што не го загрозува суверенитетот на оваа или онаа нација. Што значи тоа во македоскиот случај? Ако Груевски ја одведеше Македонија во ЕУ, тогаш ќе мораше човекот да се лиши од патриотското задоволство. Таквата политика нема никаква иднина. Всушност нема ниту сегашност, затоа што се води во „елузивните“ предели на фантазијата. Таквата политика секогаш оперира со несреќа, со лелекање и беда, и многу вешто со нив манипулира. Таквата политика својата сила ја црпи од слабоста на нацијата; својата незаслужена благосостојба ја црпи од народното осиромашување. Убавите зборови не би требало никого да изненадуваат.

      Македонија поднесува огромна жртва поради „името“ и „идентитетот“, а зад тоа се крие лична амбиција на Никола Груевски. Името на земјата е само изговор, под кој би се цементирала таквата политика, а Груевски да се претстави како спасител, Ако на 15 октомври македонските гласачи се откажат од евроските вредности, тогаш ние не заслужуваме ништо повеќе од груевистичката сатрапија. Без разлика дали Груевски го имало или не во политичкото поле.     

На другата страна го имаме Социјалдемократот Зоран Заев. Лично сум уверен дека сериозно е решен Македонија да ја одведе на еден пробивен, европски пат. Тој, меѓутоа, не би смеел да влезе или да ја повтори грешката на Груевски и на Иванов, па халуцинациите да ги помеша со визии. Од проста причина што неговата сериозност и решителност е хендикепирана од конформизмот на СДСМ. Ако навистина сака да влезе во историја и неговото име се испише со големи и светли букви, Заев мора, како знае и умее, да ја собере интелектуалната елита на овој народ, па со заеднички напори да го спои распаднато низ земјава, да создаде национален стил, да го дефинира аморфното како би можеле, подоцна Македонија да исчекори од помрачината на родовско-племенски колективизам кон светлината на историјата на нацијата.

     Насилството, заканите, манипулациите, уцените, кршењето на законите, бескрупулозноста и злоупотребите од секаков вид беа темелните принципи и сфаќања на политиката врз кои се потпираше и материјалот од кој беше изградена пирамидата, но и на партијата, наречена ВМРО-ДПМНЕ под водството на Никола Груевски и соработниците, сега обвинети за тешки кривични дела и за злосторничко здружување.

       Официјалниот почеток на кампањата за локалните избори во Македонија ја расчисти дилемата што ја немаше никој: политичарите ќе ги ангажираат сите сили, и свои и туѓи, што им стојат на располагање за да нè излажат нас, гласачите. Тоа е нивна единствена и најважна цел.

(Авторот Ремзи Џанова е новинар во Македонија)



Слични вести