Привршуваат работите во Централната џамија во Келн која ќе биде отворена на 29 септември

Централната џамија во Келн во Германија на Турско-исламската унија за верски прашања (DİTİB) која ќе биде свечено отворена на 29 септември од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

Привршуваат работите во Централната џамија во Келн која ќе биде отворена на 29 септември

Се реализираат последните финанли подготовки во Централната џамија во Келн во Германија на Турско-исламската унија за верски прашања (DİTİB) која ќе биде свечено отворена на 29 септември од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот на Турско-исламската унија за верски прашања (DİTİB) Невзат Јашар Ашикоглу во изјава за претставниците на печатот во Централната џамија во Келн истакна дека поминуваат низ денови во возбуда и рече: „Оваа е најзначајната џамија на Европа и Германија и една од најголемите џамии и има симболично значење за сите наши муслимански браќа кои живеат овде. Нашата џамија воедно ги симболизира и мирот, братството и културата на соживот.“ 

Ашикоглу напомена дека во џамијата која располага со 26 метри височина на сводот (кубето) во ист момент можат да клањаат 1.250 лица и додаде дека на свеченото отворање освен претседател Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествуваат и германски високи функционери.

Во рамките на куллијето, односно комплексот од градби на Централната џамија во Келн се наоѓаат купопродажен и трговски центар, клубови за жени и мажи, сала за изложба и семинари, конференциска сала за 600 лица, голема библиотека и канцеларии. Надворешната страна на џамијата располага со транспарентна и модерна структура од стакло и бетон, додека на долниот спрат има паркиралиште.

 



Слични вести