Реакциите на христијаните во Ерусалим против одлуката на Кнесет

Во пораката беше критикуван предлог-законот и беше изнесен ставот дека истиот претставува прекршување напад и прекршување на основните права на христијаните на светите простори

Реакциите на христијаните во Ерусалим против одлуката на Кнесет

Христијанските свештеници во Ерусалим остро реагираа против одлуката на Собранието на Израел (Кнесет) во врска со конфискувањето на недвижните имоти на црквите во Израел која беше усвоена врз основа на предлог-законот поднесен од страна на еден пратеник.

Патријархот на грчката православна црква во Ерусалим Теофилос Трети, патријархот на ерменската црква Нурхан Манукјан, чуварот на светите територии папата Франческо Патон на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му испратија порака во знак на протест против предлог-законот со кој се предвидува конфискација на недвижните имоти на црквите во Израел.

Во пораката беше критикуван предлог-законот и беше изнесен ставот дека истиот претставува прекршување напад и прекршување на основните права на христијаните на светите простори.

Во пораката беше истакнато дека предлог-законот ќе биде испратен до комитетот при министерството надлежно за спроведување на законодавството, поради што од Нетанјаху побараа да го спречи тоа.

Пратеничката Рашел Азариа од коалиционата партија Кулану (Сите ние) чиј лидер е министерот за финансии Моше Кахлон подготви предлог-закон со кој се предвидува конфискација на недвижните имоти на црквите во Израел кој најпрвин ќе биде доставен на разгледување до надлежниот комитет, а веднаш потоа и на гласање во израелскиот парламент.

Претходно и општината Ерусалим која е приврзана кон Израел имаше најавено дека има намера да ги оданочи недвижните имоти на црквите во градот. Раководството на општината соопшти дека ќе ги оданочи недвижните имоти на 882 цркви, ќе го укине визното ослободување кое трае со години и дека ќе бидат конфискувани имотите чии даноци нема да се исплатат.

Базиликата на Светиот гроб која се смета за еден од најсветите простори на христијанскиот свет по повод одлуката на општината Ерусалим за оданочување на недвижните имоти на црквите во градот, три дена беше затворена за вероисповед, литургија и посета. По одреден период Израелската влада соопшти дека ја одложува одлуката за оданочување.

Околу 10 до 12 насто од палестинската популација на Ерусалим кој брои околу 300 илјади жители се Арапски христијани.



Слични вести