Турските филмови во текот на 2018 година ќе го заокружат целиот свет

Првата програма од Неделите на турски филмови во чии рамки во турските филмови во текот на 2018 година ќе го заобиколат целиот свет, започна денеска во главниот град на Хрватска Загреб

Турските филмови во текот на 2018 година ќе го заокружат целиот свет

Институтот Јунус Емре (ЈЕЕ) во сферата на кинематографијата која е дојдена во состојба на најмоќен уметнички сектор во светот со поддршка и на Генералната дирекција за кинематографија при Министерството за култура и туризам во текот на годината во различни делови на светот ќе организира Недели на турски филмови.

Со оваа манифестација која ќе се реализира со искуствата на Генералната дирекција за кинематографија се има за цел афирмирање, запознавање и приближување кон турската култура особено на интелектуалните средини и младите и поготово студентите.

Манифестацијата во период кога турските телевизиски серии соборуваат рекорди и се следат со големо воодушевување на сите четири страни на светот ќе придонесе за слободното движење и на турската кинематографија и слободно состанување со љубителите на кинематографијата. Неделите на турски филмови со нивниот растечки број секоја година нема да остават ниту една земја на светот која нема да се запознае со турската кинематографија.

Во рамките на манифестацијата странските љубители на кинематографијата ќе се состанат со незаборавните филмови на турската кинематографија и тоа во Загреб (Хрватска), Аман (Јордан), Бејрут (Либан), Будимпешта (Унгарија), Букурешт (Романија), Казан (Татаристан), Лондон (Англија), Рабат (Мароко), Техеран (Иран), Виена (Австрија) и во Варшава (Полска).

Освен тоа во склопот на манифестацијата ќе се прикажуваат и кусометражни филмови.

Со оваа манифестација освен прикажување на турски филмови се има за цел да се овозможат средби со актери, режисери, сценаристи и продуценти, да се одржат разговори, работилници, манифестации посветени на турското кулинарство, изложби на филмски постери и предмети како и други културни интеракции со голем број различни содржини.

Првата програма од Неделите на турски филмови започна денеска во главниот град на Хрватска Загреб. 

Во Европското кино, најстарата и најпрестижна кино сала која се наоѓа на историскиот плоштад на цвеќето во градот, во рамките на неделата која ќе трае до 27 мај љубителите на филмот ќе имаат можност да гледат 10 турски филмови од минатото до денеска.

Меѓу филмовите кои што ќе се прикажуваат во текот на една недела се наоѓаат филмовите „Ајла“ (Ayla) на Џан Улкај, „Риба“ (Balık) на Дервиш Заим, „Не раскажувај ми приказна“ (Bana Masal Anlatma) на Бурак Аксак, „Се плашам мајко“ (Korkuyorum Anne) на Реха Ердем и „Синиот велосипед“ (Mavi Bisiklet) на Умит Ќорекен. 

На отворањето на манифестацијата ќе биде прикажан филмот „Ајла“ (Ayla) и сите филмови кои што ќе се прикажуваат во рамките на Неделата на турски филмови ќе бидат бесплатни.



Слични вести