Соопштени добитниците на Пулицеровите награди за 2018 година

Добитници на Пулицеровата награда за 2018 година во категоријата за новинарство се списанието „Њујоркер“ и весникот „Њујорк Тајмс“

Соопштени добитниците на Пулицеровите награди за 2018 година

Во САД соопштени добитниците на Пулицеровите награди кои што се доделуваат на Универзитетот Колумбија во 14 категории и кои се познати како новинарски Оскари.

Добитници на Пулицеровата награда за 2018 година во категоријата за новинарство се списанието „Њујоркер“ и весникот „Њујорк Тајмс“ во кои беа објавени вестите во врска со познатиот Холивудски продуцент Харви Вајнштајн чие име се појави на дневен ред со тврдењата за сексуално малтретирање.

Екипите на „Њујорк Тајмс“ и „Вашингтон Пост“исто така станаа добитници на Пулицеровата награда со вестите во врска со руската интервенција на претседателските избори во САД.

Дана Канеди од чија страна беа соопштени добитниците истакна дека добитниците се избрани меѓу над 2.400 апликации.

Добитник на Пулицеровата награда во категоријата за музика стана хип-хоп пејачот Кендрик Ламар со албумот ДАМН кој воедно стана прв добитник на оваа награда во хип-хоп музиката.

Во категоријата за специјална фотографија добитници на наградата беа вработените на Ројтерс.

 



Слични вести