Вечерва муслиманите ја одбележуваат светата ноќ Мираџ

По повод Мираџ или Лејлету-л-Мираџ како што се нарекува оваа света ноќ поинаку, во џамиите ширум Турција ќе се чита Куран и мевлуд.

Вечерва муслиманите ја одбележуваат светата ноќ Мираџ

Вечерва муслиманите ќе ја слават светата ноќ Мираџ...

Ноќта или Кандилот Мираџ во исламскиот свет се прифаќа како „вознесение во небесата, односно воздигнување кон Аллах и прочистување“.

Според исламското верување божјиот пратеник Хазрети Мухаммед с.а.в.с. ноќта на Мираџ на покана на Аллах заедно со Џебраил Алејхиселам кој го предводел во ова патување од Месџид-и Харам патувал за Месџид-и Акса, а оттаму се вознел на небесата, кон возвишените светови и божјото спокојство.

На светата ноќ Мираџ Аллах џ.ш. му објави (откри) на Хазрети Мухаммед 12 наредби со кои се има за цел да се воспостави правото на живот на човекот, да се брани неговата чест и достоинство, да се обезбеди спокојството и безбедноста на општеството.

По повод светата ноќ Мираџ или Лејлету-л Мираџ како што се нарекува оваа ноќ поинаку, генералната дирекција за верски услуги при секретаријатот за верски прашања ќе организира различни манифестации.

Во џамиите ширум Турција ќе се чита Куран и мевлуд.



Слични вести