Доделени наградите „Златен Глобус“

Наградата за најдобар филм ја освои филмот „Три билборди надвор од Мисури“

Доделени наградите „Златен Глобус“

Наградите „Златен глобус“, чие доделување е организирано од страна на Здружението за странски новинари на Холивуд и прифатени како наговестувач на Оскарите, им се поделени на своите сопственици.

Кампањата „Times up“ која започна против сексуалната злоупотреба, по наводите за злоупотребата во Холивуд, остави печат на синоќешната церемонија која ја водеше познатиот американски комичар Сет Мајерс.

Многу актерки на церемонијата присуствуваа облечени во црна облека, додека водителот Мејерс се осврна на американскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој според наводите сексуално малтретирал многу жени, велејќи дека „Слонот не е во салата“.

Многу актерки како Мерил Стрип, Анџелина Џоли, Ема Стоун, Ема Вотсон, Шерон Стоун носеа црни фустани на црвениот килим за да ја подигнат свеста за сексуалното вознемирување во филмската индустрија и да ја покажат својата солидарност со жртвите на сексуалнaта злоуботреба.

„Три билборди надвор од Мисури“ во режија на Мартин Мекдонах ја освои наградата за најдобар филм во категоријата драма, додека актерката Франсес Макдорманд ја освои наградата за најдобра актерка.

Британскиот актер Гери Олдман со улогата на Винстон черчил во филмот „Најтемниот час“ (Darkest Hour) ја освои наградата за најдобар актер.

Мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо ја освои наградата за најдобар режисер за филмот „Формата на водата“ (The Shape of Water), додека „Aus dem Nichts“ во режија на Турчинот Фатих Акин, кој живее во Германија, ја освои наградата за најдобар странски филм.

Победниците на 75. издание на Златен глобус се:

Најдобар филм, драма: „Три билборди надвор од Мисури“

Најдобар филм, мјузикал или комедија: (Lady Bird)

Најдобар анимиран филм: „Коко“ (Coco)

Најдобра акертка во филм - драма: Франсес Макдорманд

Најдобар актер во филм - драма: Гери Олдман

Најдобра актерка во филм, мјузикал или комедија: Серше Ронан

Најдобар актер во филм, мјузикал или комедија: Џејмс Франко

Најдобра актерка за споредна филмска улога: Алисон Џени

Најдобар актер во споредна улога во филм: Сем Роквел

Најдобар режисер - филм: Гиљермо дел Торо

Најдобро сценарио - филм: „Три билборди надвор од Мисури“

Најдобра филмска музика: „Ова сум јас“ (This is Me)

Најдобар филм од странско говорно подрачје: „Aus dem Nichts“.

Наградите доделени за телевизиската категорија се следниве:

Најдобра ТВ серија, драма: „Приказна за слугинката“ (The Handmaid's Tale)

Најдобра ТВ серија, мјузикал и комедија: (Неверојатната г-гица Мејсел) „The Marvelous Mrs. Maisel“

Најдобра мини ТВ серија и мини ТВ филм: „Големите мали лаги“ (Big Little Lies)

Најдобра актерка во ТВ серија, мјузикал или комедија: Рејчел Броснахан

Најдобар актер во ТВ серија, мјузикал или комедија: Азиз Ансари

Најдобра актерка во ТВ серија, драма: Елизабет Мос

Најдобар актер во ТВ серија, драма: Стерлинг К. Браон

Најдобра актерка во мини ТВ серија: Никол Кидман

Најдобар актер во мини ТВ серија: Јуан Мекгрегор



Слични вести