Изложба на костимите, галантеријата и личните предмети на Бариш Манчо во Анкара

Изложбата која беше остварена со учество на неговите синови Догукан и Батикан ќе може да се посети до 2 јули

Изложба на костимите, галантеријата и личните предмети на Бариш Манчо во Анкара

Со учество на синовите Догукан и Батикан, во еден трговски центар во Анкара е отворена изложба на костимите, галантеријата и личните предмети на покојниот турски музичар Бариш Манчо.

Личните и приватни предмети на светско познатиот турски музичар и интепретатор Бариш Манчо чиј став и сфаќање за животот се пренесуваат од генерација на генерација беа земени од Куќата Бариш Манчо во Истанбул и донесени во Анкара.

Посетителите на изложбата со личните предмети и облека, плочите, касетите и незаборавните програми и емисии на големиот музичар ќе имаат можност повторно да ги оживеат старите спомени.

Изложбата која беше остварена со учество на неговите синови Догукан и Батикан ќе може да се посети до 2 јули.



Слични вести