Турција воведе дополнителен данок од 300 милиони долари за 22 производи од САД

Министерот за економија Нихат Зејбекџи соопшти дека денеска стапи во сила дополнителниот данок во износ од 300 милиони долари за 22 производи од САД

Турција воведе дополнителен данок од 300 милиони долари за 22 производи од САД

На одлуката на САД за применување на царини за увезеното железо, челикот и алуминиумот пристигна одговор и од Турција.

Министерот за економија Нихат Зејбекџи соопшти дека денеска стапи во сила дополнителниот данок во износ од 300 милиони долари за 22 производи од САД.

Министерот Зејбекџи во програмата на еден приватен телевизиски канал говореше за царинските мерки кон САД и истакна дека по ова прашање контактирале со американските функционери, но дека никако не можеле да разговарат директно лице в лице.

Појаснувајќи дека се обиделе да го решат прашањето на прифатливо ниво, но дека не успеале во тоа, министерот за економија Нихат Зејбекџи рече: „Дополнителните царини кои што ни се поставени како товар вкупно изнесуваат некаде околу 260 милиони долари. Така и нашиот потег беше во вид на воведување царини за производи од САД во износ од 300 милиони долари. Тоа стапи во акција во 22 одделни групи на стоки.“

 



Слични вести