Турција и Газпром потпишаа договори за окончување на арбитражата и втората делница на Турски тек

Газпром и БОТАШ постигнаа договор за определување и утврдување на условите врз чија основа ќе се преземат потребните чекори за изградба на делницата

Турција и Газпром потпишаа договори за окончување на арбитражата и втората делница на Турски тек

Турција и руската енергетска компанија Газпром потпишаа договори за окончување на процесот на арбитража и втората делница на проект гасоводот Турски тек.

Во соопштението кое беше објавено од страна Газпром беше истакнато дека со претставниците на турската влада потпишаа протокол за изградба на делницата на гасоводниот проект Турски тек кој ќе се простира до Европа.

Во анексот на протоколот беше подвлечено дека меѓу Газпром и БОТАШ беше постигнат договор за определување и утврдување на условите врз чија основа ќе се преземат потребните чекори за изградба на делницата, а исто така согласно договорот се предвидува формирање една нова партнерска иницијатива TürkAkım Gaz Taşıma AŞ (Турски тек газ превоз АД) за изградба на копнениот дел на делницата.

Во соопштението меѓудругото беше истакнато дека БОТАШ и Газпром Експорт потпишаа нови документи во врска со арбитражата околу цената на рускиот приоден гас за турските потрошувачи кои се вон судското решение и со кои се предвидува скоро окончување на арбитражата.



Слични вести