Шимшек: Турската економија минатата година постигна раст од 7,4 насто

„Турската економија минатата година оствари раст од 7,4 насто со што ги остави зад себе прогнозите на голем број институции и аналитичари“, изјави потпретседателот на владата одговорен за економија Мехмет Шимшек

Шимшек: Турската економија минатата година постигна раст од 7,4 насто

Потпретседателот на владата одговорен за економија Мехмет Шимшек истакна дека турската економија минатата година оствари раст од 7,4 насто со што ги остави зад себе прогнозите на голем број институции и аналитичари.

Мехмет Шимшек кој во склопот на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) престојува во Вашингтон, на манифестацијата во заедничка организација на американската трговска комора и Организацијата на турско наследство (Turkish Heritage Organization) се состана со американски бизнисмени и водачи на граѓански организации во САД.

Шимшек во своето излагање што го одржа во оваа пригода говореше детално за турската економија во врска со што нагласи дека турската економија во 2017 година оствари раст од 7,4 насто со што ги остави зад себе прогнозите на голем број институции и аналитичари и дека тоа претставува перформанс на најбрз економски раст меѓу земјите од Г-20.

Потсетувајќи дека владата за оваа година прогнозира економски раст од околу 5,5 насто, Мехмет Шимшек напомена дека растечките инвестиции, силната внатрешна и надворешна побарувачка и растечките туристички приходи ќе го поддржат и економскиот раст.

Шимшек истакна дека турската економија од 2003 година досега оствари просечен раст од 5,7 насто и дека тоа се одразува и на моќта на купување на граѓаните.

„Турција разликата во приходи по глава на жител со Европската унија (ЕУ) во последните 25 години ја намали за 28 насто. Тоа е доста впечатливо. Доколку Турција продолжи да бележи раст со иста брзина за 14 години ќе го достигне просекот во Европската унија од аспект на приходите кои што се паѓаат по глава на жител. Разликата во приходите по глава на жител со САД пак Турција ја намали за 20 насто. Тоа исто така претставува силен перформанс.“ – рече потпретседателот на владата одговорен за економија Мехмет Шимшек.

 



Слични вести