Пад на невработеноста и раст на индустриското производство во јануари 2018 година

Турскиот институт за статистика (ТУИК) соопшти дека невработеноста во месец јануари оваа (2018) година опадна на 10,8 насто, додека индустриското производство истиот месец се зголеми за 9,9 насто

Пад на невработеноста и раст на индустриското производство во јануари 2018 година

Невработеноста во Турција во месец јануари оваа (2018) година опадна на 10,8 насто, додека индустриското производство истиот месец се зголеми за 9,9 насто.

Според податоците на Турскиот институт за статистика (ТУИК) бројот на невработени во земјата во месец јануари годинава се намали за 576 илјади лица и опадна на 3 милиони 409 илјади лица.

Бројот на лица за кои беа обезбедени нови работни места пак се зголеми за 1 милион 357 илјади лица и достигна до 28 милиони 29 илјади лица. 

Процентот на вработување се зголеми на 46,6 насто.

Бројот на лицата кои се приклучија кон работната сила во месец јануари оваа година се зголеми на 31 милион 438 илјади лица.

Во меѓувреме е соопштен и индексот на индустриско производство во месец февруари годинава.

Индустриското производство кое што се прикажува како предводник во економскиот раст во месец февруари годинава оствари годишен раст од 9,9 насто.

Според очекувањата растот на индустриското производство се предвидуваше дека ќе изнесува 8,6 насто.



Слични вести