Не разбираме како се поистоветува воведувањето дополнителен данок со националната безбедност

По најавата на САД дека ќе спроведе дополнителен данок врз увозот на челикот и алуминиумот, ЕУ соопшти дека ќе преземе противмерки во врска со американскиот извоз во Европа

Не разбираме како се поистоветува воведувањето дополнителен данок со националната безбедност

Првиот заменик-претседател на ЕУ Франц Тимерманс рече дека „не разбираме како се поистоветува одлуката за воведување дополнителен данок за увозот на челик и алуминиум на САД со националната безбедност и дека по потреба можат да преземат и противмерки“.

Во говорот на една конференција, Тирмеманс рече:

„Ако американскиот претседател Трамп вели дека одлуката што ќе ја усвои се однесува на безбедноста, тогаш нема потреба од спроведување дополнителен данок врз нас. Каква безбедносна закана може да предизвика европскиот челик за САД?“ рече Тимерманс.

„ЕУ е спремна да преземе низа противмерки“ потсети Тимерман потенцирајќи дека ќе наведените противмерки ќе бидат во согласност со одлуките на Светската трговска организација (СТО).

По најавата на САД дека ќе спроведе дополнителен данок врз увозот на челикот и алуминиумот, ЕУ соопшти дека ќе преземе противмерки во врска со американскиот извоз во Европа.

ЕУ почна со подготвувањето на списокот на производите за кои планира да воведе дополнителни даночни стапки од 25 насто за возврат на потегот на САД.

На врвот на овој список се наоѓаат сос од лешници, фармерки, мотори, постелнини, кармини, челични резервоари за гас, валан челик, цевки, боци, скари, лавабо мијалници, вентилатори, скали, јахти, мексикански грав, ориз, виски, брусници, сок од портокали, тутун, пури.



Слични вести