Разгледани 55 проекти во вредност од 9,4 милијарди долари

Извршниот комитет за одбранбена индустрија на Република Турција на состанокот одржан вчера расправаше за 55 проекти во вредност од 9,4 милијарди долари, од областа на одбранбената идустрија.

На состанокот на Извршниот комитет, со кој претседаваше претседателот Реџеп Таип Ердоган, беа донесени и нови одлуки во врска со проектите чија цел е додатно зајакнување на турските сили во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ во Африн, Сирија.

„На состанокот стана збор за 55 проекти во вредност од 9,4 милијарди долари. Разгледани беа и одредени инвестиции со цел додатен развој, зајакнување и поддршка на одбранбената индустрија“, се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Слични вести