Економијата на светот 41-2017

Кон крајот на остварувањето на проектот Турски тек

Економијата на светот 41-2017

Интензивно се развиваат случувањата во врска со остварувањето на гасоводниот проект Турски тек кој беше постигнат на 10 октомври 2016. За поморскиот дел на проектот од страна на Турција беше одобрен извештајот за Оценка на влијанието врз животната средина. Во извештајот се изнесени поволните страни на проектот наспроти евентуалното влијание врз животната средина и општеството.

Со гасоводниот проект Турски тек кој започнува од Русија и преку Црното море во Турција влегува преку месноста Визе кај Киркларели, во првата етапа се планира рускиот гас најпрвин да се испорача во Турција од тука пак во Европа кој важи за најголем пазар на природниот гас. Гасоводната линија која преку два посебни гасоводи ќе обезбедува трансфер на природен гас, се состои од два копнени и два поморски делови. Изградбата на поморскиот дел на проектот започна во мај 2017 година и според првите проценки беше утврдено дека вкупниот капацитет од 31,5 милијарди метри кубни.

Русија како земја која што важи за најголем извозник на природен гас во светот, во врска со определувањето на патиштата на стратешкиот трансфер на резервите на светскиот пазар, за трговијата со природен гас бара да биде испорачан на различни пазари. Проектот Турски тек кој се наоѓа меѓу овие патишта и кој најмногу се наоѓа на дневниот ред и ќе го обезбеди стратешкото партнерство со Турција, претставува значаен дел на енергетските политики на Русија.

Проектот Турски тек обезбедува значајни предности од аспект на безбедноста во снабдувањето со енергија и зајакнувањето на геополитичката положба на Турција, додека од аспект на Русија можност за продолжување на извозот со еден значаен трговски партнер како што е Турција. Преку овој проект имаме можност да видиме дека Русија освен тоа што располага со богати енергетски извори, исто така е во сериозна потрага по безбедност на побарувачката.

Според претпоставките, потрошувачката на природен гас во претстојните години се очекува да биде на многу повисоко ниво особено во земјите кои се зависни од надворешна енергија, поради што се очекува да се одрази и врз бројките на увозот. Ако се земе во предвид фактот дека Турција последен пат во 2016 година оствари потрошувачка на природен гас од 42 милијарди метри кубни, според претпоставките оваа бројка во наредните години се очекува постепено да порасне.

Во тој контекст, гасоводниот проект Турски тек со предвидениот капацитет по се изгледа најповолен проект за намирување на потребите од природен гас кои секој ден бележат раст. Освен тоа што наведениот проект може да го намири зголемениот раст на побарувачка, исто така претставува конкретен чекор напред на патот за остварување на идејата Турција да стане земја центар во енергетската трговија.

Гледано од аспект на географската положба, Турција како земја која е блиска до енергетските извори исто така е домаќин на повеќе траси за трансфер на енергијата. Во текот на процесот на изградбата на гасоводот и поставувањето на гасоводните цевки, се случуваат поволни случувања на патот Турција да стане земја центар на трансферот на енергијата. Затоа очигледно е дека со остварувањето на  овие проекти, Турција ќе се стекне со поголемо значење од аспект на постигнувањето на целта да стане централна земја во енергетската трговија.

Секако дека не треба да се заборави значењето на соработката која што треба да се води и оствари со енергетските актери во постигнувањето на предвидените цели. На пример, односите меѓу Русија и Турција не се плод само на проектот Турски тек. Гасоводниот проект Син проток кој беше изграден во рамките на Договорот за купопродажба на природен гас во 1997 година претставува јасен показател за длабоките односи во сферата на енергијата меѓу двете земји. Од друга страна пак, постигнувањето на проектот нуклеарна централа Аккују во 2010 година исто така претставува еден друг показател за развојот на односите меѓу Турција и Русија и во другите сфери, освен енергијата

На крајот да кажеме дека случувањата во проектот Турски тек, со одобрувањето на извештајот за Оценка на влијанието врз животната средина продолжуваат да се развиваат во поволна насока. Турција како земја која што се наоѓа меѓу земјите со најголема понуда и побарувачка во текот на овој процес, можностите со кои ќе се стекне со остварувањето на проектот треба многу добро да ги искористи и да ги претвори во предност на патот да стане енергетски центар.

Различноста која ќе се постигне на енергетските извори и пазар како и инвестициите кои што ќе се остварат на енергетската берза, Турција треба многу добро да ги искористи и да ги претвори во долгорочни можности. На тој начин, стратешката положба на Турција на енергетскиот пазар уште повеќе ќе зајакне и со сигурни чекори ќе напредува на патот да стане енергетски трговски центар.

Зошто да не?



Слични вести