Ричард Талер добитник на Нобеловата награда за економија

Талер ги соедини психолошките хипотези и претпоставки со анализите на донесување економски одлуки

Ричард Талер добитник на Нобеловата награда за економија

Американскиот економист и академик Ричард Талер добитник на годинашнава Нобелова награда за економија.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Комитетот за доделување на Нобеловата награда за економија 2017 беше истакнато дека наградата на Ричар Талер му беше доделан поради придонесот во расветлувањето на однесувањето во полето на економијата.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Академијата беше истакнато дека Талер ги соединил психолошките хипотези и претпоставки со анализите на донесување економски одлуки. Талер ги истражуваше делумната рационалност, социјални преференци и недостигот на самоконтрола и врз основа на стекнатите сознанија го изнесе нивното систематско влијание врз индивидуалните одлуки на човечкиот фактор и пазарниот процес.

Ричард Талер кој ја напиша книгата „Мотивирање“ исто така се смета за татко на бихевиоралната економија.

Ричард Талер беше претседател на Централната банка на Индија и продолжува да работи како професор на американскиот универзитет Чикаго.

Талер освен Нобеловата награда за економија исто така е добитник и на паричната награда во износ од 1,1 милион долари.



Слични вести