Економијата на светот 22/2017

Нов период во Партијата на Правдата и Развојот

Економијата на светот 22/2017

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган беше реизбран за претседател на Партијата на правдата и развојот на 3.вонреден конгрес на партијата што се одржа на 21 мај годинава. Со одржувањето на овој конгрес се направи нов влез во политичката сцена на Турција.Партијата на правдата и развојот 3.вонреден партиски конгрес го означи како почеток на еден нов период во кој како основни принципи се наведуваат демократијата, промените и реформите. Партијата зад себе остави 15 години од своето делување на политичката сцена на Турција воедно најавувајќи доаѓање на еден нов период во земјата.

Во последните 15 години  во Турција се спроведоа низа реформи почнувајќи од економијата па се до здравството, образованието, инфраструктурата и другите ефери.

Изминатите 15 години се значајни и од аспект на пораст на националниот доход по глава на жител во Турција и тоа на 3 пати.Турција во овој период на владеење на Партијата на правдата и развојот постигна големи успеси на глобален план,станувајќи глобален економски партнер и партнер од доверба,така да со право може да се констатира дека напредокот во економијата претставува вистинска приказна за една земја која напредува во последните години во период на еднопартиска влада, а тоа е владата на Партијата на правдата и развојот АКП.

Кои се очекувањата од АКП партијата во следниот период?

Во периодот од реизборот на претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган за претседател на владејачката Партија на правдата и развојот па се до 2019 година за кога се предвидува одржување на претседателски избори во Турција се очекуваат низа нови политики од страна на партијата која е на власт, АКП.Се очекува главен акцент да се стави на зачувување на макроекономската стабилност и на брзото обновување, свери кои беа едни од приоритетните цели на обидот за воен удар на 15 јули минатата година.

Во овој нов период во кој како што се очекува ќе се воспостави политичка стабилност во земјата, Турција ќе биде сконцентрирана на економска стабилност и на оставање на кризите зад себе. Ова особено се однесува на периодите кога на влеаста во земјата се наоѓаа коалициони влади кои самите генерираа кризни ситуации.Од овој поглед важно е да се истакне дека пред Турција ќе се појават низа можности за остварување на поголем економски раст  и за пораст на брзината на економскиот подем.

Се очекува во овој период да има поголем замав процесот на префрлање од статусот на средна во повисока група на економски статус, како и тоа Турција да се искачи во редот на земјите со високи доходи од редот на земјите со средни доходи, каде моментално се наоѓа.

Заради остварување на овие цели ќе биде неопходно да се реализираат структурални реформи особено на база на сектори.

Се предвидува реформите во вработувањето да имаат директно влијание врз зголемувањето на процентот на вработеноста. Тука пред се се мисли на вработување на млади и способни кадри и на жени.Освен тоа се размислува да се воведат мерки кои ке го стимулираат извозот,што ќе има директно влијание врз порастот на трговијата.

Подобрувањето на економијата секако дека ќе има позитивен ефект врз конкурентноста на турските стоки во странство.

Не треба да се заборави дека дури и во најтешките мигови од својата понова историја Турција успеа да оствари општраст од 2,9 насто ,и тоа во минатата 2016 година, која ќе остане забележана како една од најтешките во нејзината понова историја,но и една од најуспешните.

Во период кога претседателот Ердоган повторно застана на кормилото на владејачката АК партија се очекува да се отстранат сите пречки и блокади кои што стојат пред развитокот на Турција.

Новиот систем ги отвора вратите на една нова Турција, која ќе се ослонува на темели на нови политики и стратегии за развој како во економијата така и во општиот просперитет на народот.

(Автор проф.др. Ердал Танас Караѓол)



Слични вести